Јапанди е новиот трендовски стил на внатрешен дизајн кој ги комбинира принципите од Скандинавија и минималистичката естетика на Јапонија.
Неутрални бои, природни материјали и прозрачност на просторот се основните елементи на овој едноставен и минималистички стил. Јапанди ги комбинира едноставноста и правите линии на скандинавскиот дизајн со елегантните и смирувачки елементи на Далечниот Исток.
Топли детали и едноставни уреди за осветлување
Во таква организација на просторот за живеење, просторот не треба да биде пренатрупан. Деталите обично се топли и ненаметливи, а често тоа се растенија кои со своите тонови ги истакнуваат природните материјали карактеристични за јапонските домови.
Јапанди посветува особено внимание на подот, со тоа што бојата на паркетот е приспособена на бојата на мебелот. Мебелот најчесто е од дрво, додека светлечките тела се едноставни, ненаметливи и функционални.
Извор:
Index.hr
Фото: Instagram