X
 17.08.2022 Технологија

Илон Маск нуди 25.000 долари за тој што ќе го хакира „Старлинк“

Основачот на компанијата „Спејс-екс“, Илон Маск, ги повикал истражувачите и специјалистите за сигурност на интернет да се обидат да ја хакираат неговата сателитска интернет-мрежа „Старлинк“. Тој што ќе успее ќе добие награда од 25.000 долари.

„Старлинк“ постојано се шири и станува достапен во сè повеќе земји, што значи дека има сè повеќе корисници. Истовремено постојат ризици за евентуална злоупотреба за добивање пристап на мрежата и начинот на користење.

Минатата седмица се појавиле информации дека интернетот може да се хакира со евтин уред кој може да биде склопен за 25 долари, а на хакерите им дава пристап до заклучените делови од светот.

Од компанијата известиле дека нема ризик за корисниците на мрежата, но сите што ќе се обидат да ја хакираат, може да го пријават проблемот и ќе бидат наградени со 25.000 долари.

Извор: Klix
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија