X
 21.07.2021 Живот

Капсулата за патување во вселената на Маск има дизајн што гарантира спектакуларен поглед

„Спејс екс“ не развива нови летала за идни летови во вселената. Приватната мисија „Инспирејшн 4“, која треба да патува во вселената во септември 2021 година, ќе има неколку занимливости.

Прво, ќе биде првата мисија на која нема да има професионални астронаути, туку само аматери, а воедно ќе биде и првата целосно цивилна мисија. Освен тоа, капсулата „Кру драгон“, каква што се користи за превоз на астронаути до Меѓународната вселенска станица, ќе изгледа малку поинаку за оваа мисија.

Како што откри командантот на мисијата, Џаред Ајзакман, носот на капсулата ќе крие стаклена купола што ќе им овозможи на патниците неверојатен поглед од 360 степени на вселената и на Земјата. На тоа место е скриен системот за поврзување со Меѓународната вселенска станица, но бидејќи нема да има станици за застанување, таков систем нема да биде потребен.

kapsula
Фото: Space X

Покрај тоа што ќе им овозможува на патниците совршено место за набљудување на вселената, капсулата крие и друга тајна. Имено, директно под неа се наоѓа веце. Така патниците ќе можат да седат „на тронот“ и да го набљудуваат универзумот пред нив.

Ајзакман истакна дека со завеса ќе биде одделен екипажот од луѓето што ќе ја користат куполата за да се обезбеди барем визуелна, ако не звучна изолација.

Извор: Zimo.dnevnik.hr
Фото: Twitter
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот