X
 17.09.2016 Наука

Како бил создаден математичкиот знак „="?

Математичкиот знак за еднакво денес е универзално прифатен, а интересно е тоа што неговото настанување било поттикнато од доста негативни емоции на еден математичар.

Имено, во 1557 година математичарот Роберт Рекорд од Велс започнал толку да се нервира поради фразата „еднакво е“ (is equal to) која дотогаш се изразувала со зборови, такашто го измислил познатиот симбол кој го заменил со фразата.

Никаква математичка дилема или пак некоја потешка математичка задача не го поттикнале да го измисли знакот туку нервозата која ја чувствувал поради постојаното повторување на монотоната фраза „is equal to“. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука