Новото истражување на Универзитетот „Оксфорд“ откри дека видовите што се посоцијални живеат подолго и раѓаат потомци во подолг временски период. Ова е прва студија на оваа тема која го опфаќа животинското царство - од медузите до луѓето.
Социјалните организми имаат придобивки како што се споделување ресурси, подобро се заштитени од предатори и добиваат поддршка за одгледување на потомството. Меѓутоа, со тоа што живеат во поцврсто збиени групи, тие може да претрпат и ширење на болести, зголемена конкуренција, агресија и конфликт.
Студијата спровела сеопфатна процена на врската помеѓу социјалноста и различните карактеристики на животот, како што се очекуваниот животен век и должината на нивната репродуктивна рамка. Новата студија проценила 152 животински видови од широк спектар на таксономски групи (таскон - група од една (или повеќе) популации на организми кои се сметаат дека сочинуваат единица), вклучувајќи птици, цицачи, инсекти и корали.
Резултатите покажале дека посоцијалните видови живеат подолго, ја одложуваат зрелоста и имаат поголема веројатност успешно да се размножуваат отколку поосамените видови. Овој нов наод ја поддржува хипотезата дека иако социјалноста доаѓа со некои очигледни ризици и цена, вкупните придобивки сепак се поголеми.
Студијата открила дека социјалноста навистина влијае врз намалувањето на способноста на животното да се репродуцира или да преживее како што старее. На пример, социјалните сојузници може да помогнат во заштитата од граблив предатор, зголемувајќи го животниот век, но стресот од социјалните хиерархии и конфликти може да има спротивен ефект меѓу видовите.
- Социјалноста е фундаментален аспект на многу животни. Сепак, сè уште ни недостигаат докази за губитоците и придобивките од социјалноста. Оваа работа покажа дека видовите што се посоцијални (повеќето мајмуни, луѓе, слонови, фламинго и папагали) имаат подолг животен век и подолги репродуктивни рамки од повеќето осамени видови (некои риби, влекачи и некои инсекти) - истакнал водечкиот автор на студијата, професорот Роб Салгуеро-Гомез од „Оксфорд“.
Извор: phys.org
Фото: Freepik