X
 17.09.2018 Забава

Низ објективот на камерата на најдобрите: Најсмешните фотографии од дивиот свет

Натпреварот за најсмешна фотографија од дивиот свет ги избра своите финалисти за 2018 година. Од вкупно 2.000 кандидати беа избрани само 41.

- Стандардот на фотографијата, во однос на квалитетот на фотографијата, се зголемува секоја година. Хуморот останува брилијантен, а оваа година има и нови животни што претходно не сме ги имале - вели Том Салум, еден од основачите на натпреварот.

Том вели дека фотографиите се мешавина - 30 отсто професионални и 70 отсто аматерски, со што има поширока разновидност на фотографирани животни. Пораката што организаторите сакаат да ја испратат е конзервација на дивиот свет.

Наградите ќе бидат објавени на 15 ноември во Фојлес, во Чаринг Крос, Лондон. Уживајте во фотографиите од финалистите.

ГАЛЕРИЈА
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава