Студентите по ветерина од Универзитетот во Сиднеј се соблекоа голи за да позираат за календар, а заработката од календарот ќе биде наменета за хуманитарни цели.
Сликањето за календар стана традиција на студентите, а оваа година сите собрани при од неговата продажба е наменет за здружението „We're for the bush“, кое им помага на семејствата, земјоделците, заедниците и животните погодени со сушата. Студентите по ветерина за календарот се сликаат веќе 30 години по ред.
„Австралија се бори со ужасните суши, за нивните последици започнавме да учим откако се запишавме на факултет. Голем дел од нас доаѓаат од семејства кои се занимаваат со земјоделие па самите знаеме какво влијание има сушата врз земјоделците, нивните семејства и заедницата. Земјоделците се борат за опстанок па сакаме да продадеме што повеќе календари за да помогнеме“, вели студентот Мет Клифтон кој е студент во четврта година.
Поради натрупаниот распоред на студентите и подготовката за испитите, календарот се изработувал дури две недели.
„Се сликавме на паузите меѓу предавањата. Во проектот беа вклучени 65 студенти, а сите оние кои сакале да се појават во него се најдоа на неговите страни. Беше доста забавно, календарот е провокативен и доста забавен“, вели Клифтон.
Тој додава дека за време на сликањето било доста забавно и кога започнало, сите стоеле и чекале некој прв да ги соблечи алиштата.
„Мислам дека немаше моменти кои беа непријатни, сите бевме опуштени. Кога ја сликавме последната фотографија, сите беа доста опуштени“, додава Мет.
Календарот беше фотографиран од фотографот Никола Бодл.