Кејти Патен од Балтимор доживеала срцев удар и била клинички мртва 45 минути. Докторите успеале да ја вратат во живот со кардиопулмонална реанимација. Според локалните медиуми, Патен речиси целосно закрепнала.
Иако во филмовите гледаме дека реанимацијата често завршува успешно, во реалноста само околу 10,6 отсто од оние што имаат срцев удар заздравуваат доволно за да бидат пуштени од болница, според истражување од 2018 г.
- Многу сум благодарна што Бог ми даде втора шанса. Ќе бидам најдобрата личност што можам да бидам. Многу е страшно, враќањето е втора шанса за живот - изјавила Патен.
Докторите, исто така, биле вчудовидени од реткото искуство.
- Нè научи што значи да се живее. Нè научи што значи да не се откажуваме - изјавил еден од докторите на Патен.
Извор:
Futurism
Фото: Twitter