X
 17.10.2019 Наука

Нов рекорд во физиката: Најголемото тело што некогаш постоело на две места истовремено

Сигурно повеќето од вас слушнале за мисловниот експеримент наречен Шредингерова мачка, во кој мачката која е затворена во кутијата може истовремено да биде и жива и мртва. Овој експеримент често се користи за да се илустрира одреден парадокс на квантната механика - суперпозиција.

Суперпозицијата е необично својство на телото во квантниот микросвет каде што може истовремено да постои во повеќе состојби.

Физичарите и претходно ја тестирале оваа теорија на одредени атоми, односно на помали системи, и докажале дека честичките истовремено може да постојат на различни места. Но, сега првпат успеале да направат такво нешто со огромни молекули, составени од 2.000 атоми.

Во најновиот експеримент научниците ја искористиле Шредингеровата равенка што опишува како поединечни честички може да дејствуваат како бранови на повеќе места истовремено, мешајќи се една со друга исто како бранови во езерце.

fiizka
Фото: 123rf


За да го тестираат ова, научниците го конструирале познатиот експеримент со двоен отвор. Во него, во претходните наврати честичките на светлина (фотон) биле пуштени низ два отвора. Кога фотони биле само честички, светлината поминувала низ еден отвор. Но експериментот покажал нешто друго - проектираната светлина прикажувала образец на мешање што покажува дека фотоните можат да се однесуваат и како бранови.

Изгледа дека фотоните може да бидат на две места истовремено, баш како и фиктивната Шредингерова мачка. Но, како што повеќето од нас се свесни, мачката е во две состојби само ако остане ненабљудувана. Веднаш штом се отвори кутијата, се потврдува дали е жива или мртва, а не и двете.

Истото е со фотоните. Штом светлината се измери и се набљудува директно, оваа суперпозиција исчезнува и состојбата на фотонот е заклучена.

Сега физичарите низ двојниот отвор пуштиле огромни молекули составени од 2.000 атоми и успеале во текот на седум секунди да постигнат мешање.

- Нашите експерименти покажуваат дека квантната механика, иако е доста необична, таа е и неверојатно стабилна. Верувам дека во иднина ќе можеме да ја тестираме оваа технологија со поголеми системи - изјави физичарот Јаков Фејн од Универзитетот во Виена.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука