X
 20.03.2017 Здравје

Знаци дека телото има недостиг од некои важни работи

Експертите велат дека со прехраната треба да ги добиваме сите важни материи за нормално функционирање на организмот, но теоријата е едно, а праксата друго – често се храниме неурамнотежено, со повеќе слатки работи и пецива, а помалку овошје и зеленчук. Сепак, организмот ќе најде начин да го испорача своето „мислење“ за таквиот режим на исхрана. Ова се предупредувањата дека организмот има недостиг од хранливи материи:

1.    Кршливи коса и нокти

Можеби ви недостига биотин, кој се наоѓа во житарките, јајцата, млечните производи, оревите и другите јаткасти плодови, лососот и пилешкото месо. Проблемите со кожата, како иритации, воспаленија и лупење, укажуваат на недостиг од биотин.

2.    Проблеми со варењето на храната

Ако страдате од констипација или од проливи и мачнини, а сигурни сте дека не се работи за расипана храна или цревна вироза, можеби вашето тело има има потреба од повеќе ниацин односно витамин Б3, кој е важен при детоксикацијата. Итаминот Б3 го има во месото, рибата, јајцата, јаткастите плодови, зелениот зеленчук и нелупените житарки.

3.    Бременост

Во текот на бременоста се препорачува повеќе фолна киселина (витамин Б9) од нормалните количини, затоа што е неопходна за правилен развој на плодот. Најдобар извор на фолна киселина е темнозелениот листен зеленчук како спанаќот, зелката, брокулите и мешунките.

4.    Модринки

Ако на кожата неочекувано и лесно ви се појавуваат модринки, можеби ви недостасува витамин Ц кој, освен што е познат како заштитник на имунитетот, важен е и за цврстината и еластичноста на крвните садови. Најмногу го има во цитрусните и зрнестите овошја, шипките, јагодите, папајата, кивито и ананасот.

5.    Закрвавени очи

Пукањето на крвните капилари во очите може да укажува на недостаток од витаминот Б2 (рибофлавин) кој е неопходен за видот, развојот и создавањето на енергија. Најмногу го има во млечните производи, јајцата, месото, рибата, зелениот листен зеленчук, нелупените житарки и јаткастите плодови.

6.    Трпки и вкочанетост

Ова е знак дека можеби ви недостига калциум кој е важен за работата на мускулниот и нервниот систем, крвниот притисок и цврстината на коските и забите. Најдобри извори на калциум се млечните производи, зелениот листен зеленчук, јаткастите плодови, портокалите, овесот и сардините.

7.    Грчеви во нозете

Ова е еден од типичните симптоми за недостиг на магнезиум кој има дури 300 функции во организмот, вклучително и онаа што овозможува нормална работа на мускулите. Магнезиумот се наоѓа во зелениот листен зеленчук, јаткастите плодови, мешунките, нелупените житарки и рибата.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје