X
 17.10.2020 Образование

Студентите на Виенскиот универзитет користат стара црква како читалница

Студенти на Виенскиот универзитет не одат во читалница. Наместо тоа, тие го земаат лаптопот и одат да учат во црквата Вотивкирхе изградена во 19 век.

Многу австриски универзитети одлучиле да ги примат студентите во кампусот, притоа почитувајќи ги мерките за безбедност. Виенскиот универзитет, лоциран во центарот на Виена, имал потреба од простор во кој ќе учат  речиси 90.000 студенти без да се нарушуваат мерките за физичко дистанцирање, па затоа изнајмил црква.



Вотивкирхе сега е место каде што може да најдете студенти и посетители на црквата истовремено. Студентите имаат пристап до интернет.

Универзитетот нуди онлајн-предавања и часови во предавална. Но дури и на студентите што имаат само онлајн-предавања им е потребно место за учење. Црквата Вотивкирхе била единственото место со голем простор во близина на кампусот.



Студентите може да ја користат црквата секој работен ден од 9 до 18 часот. Универзитетот го обезбедува интернетот во црквата, како и средства за дезинфекција за студентите. Засега универзитетот ја изнајмил црквата до крајот на октомври, а ќе продолжи да ја користи во зависност од потребата. 

Автор: Моника Хамфрис
Извор: insider.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование