X
 17.03.2016 Образование

Земјата која отвора универзитет секоја недела

Ова е тивка револуција која прави големи промени во светското население кога станува збор за високообразованите жители.


Со децении, САД го има најбројното население кое оди на факултет. Тие доминираат на пазарот на дипломци. Од жителите на возраст од 55 до 64 години, речиси една третина од сите дипломци во светот се американски државјани.

Но, тоа се менува кај помладите генерации. Во однос на дипломците, Кина ја надмина САД и образовните системи во земјите од ЕУ. Разликата ќе станува сè поголема. Според предвидувањата, младите дипломци во Кина ќе бидат побројни за 300% до 2030 година, во споредба со очекуваниот раст од околу 30% во Европа и САД.

Во САД, студентите имаат проблеми со високите школарини. Во Европа, повеќето земји го закочиле ширењето на универзитетите со намалување на инвестициите. Но, додека западот спие, Кина и другите земји во Азија како Индија напредуваат.


Не станува збор само за зголемени бројки на студенти. Студентите во Кина и Индија почесто студираат математика, науки, компјутери и инженерство - предмети кои се најважни за иновација и технолошки напредок. Во 2013, 40% од кинеските дипломци ги завршиле своите студии во некоја од овие области. До 2030 година, Кина и Индија би можеле да ги имаат околу 60% од дипломците во овие области во големите економии.

Би-би-си пишува дека Кина отвора просечно еден универзитет неделно.

Се чини дека освен квантитет, Кина има и квалитет. Во последните тестови од ПИСА, 10% од најуспешните 15-годишници во Шангај добиле повисоки резултати по математика отколку 10% од најуспешните 15-годишници во САД.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование