X
 16.08.2023 Живот

Студентите од овој универзитет ќе ги анализираат текстовите од песните на Тејлор Свифт

Универзитетот во белгискиот град Гент ќе ги вклучува стиховите на песните на популарната пејачка во своето академско портфолио во кое се изучува англиската литература, под името „Литература (верзија на Тејлор Свифт)“.

Курсот ќе служи за анализа на јазикот врз основа на песните на Тејлор Свифт, стилските средства и темите што писателите ги користеле со векови, имајќи на ум дека, како што велат креаторите на курсот, нејзината работа е често инспирирана од класиците на англиската литература и ги допира темите кои се појавуваат во „Ромео и Јулија“, „Џејн Ер“, па дури и „Алиса во земјата на чудата“.

Курсот ќе го предава британската професорка Ели Мекоусланд, која се надева дека овој пристап ќе ги инспирира младите студенти да ги истражат пионерите на литературата кои ја обликувале во периодо помеѓу 900 и 1900 година.

- Сакам да им покажам на студентите колку историската англиска литература може да биде забавна - вели таа.

Професорката објаснува дека Тејлор Свифт, намерно игра со својот имиц, нешто што во својата работа го прават неколку големи автори и наведува дека е вешта во извртување на клишеата.

- Во литературата тоа го нарекуваме хоризонт на очекувањата - вели професорката и додава дека иако врз основа на насловот може да изгледа дека песната „White horse“ пее за добрината, во неа Свифт ви кажува како да се ослободите од очекувањата, и на крај ја критикува темата.

Таа вели дека нејзината омилена песна е „Аll Too Well“, која ја нарекува ремек-дело.

- Тоа е најдобрата песна за раскинување и веројатно најдобрата емотивна песна некогаш напишана - вели професорката и додава дека најдобро ја покажува суштината на проучувањето на текстот на Тејлор Свифт.



Извор: Studomat.ba
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот