X
 17.10.2021 Живот

Скромно, но и поубаво - сеќавања за летувањата во Југославија

Туризмот во Југославија почнал полека да се развива во 50-тите години на минатиот век, а луѓето почнале да летуваат поради добрите плати. На пат се одело со воз, автобус, автомобил, па дури и со велосипед.

Масовниот туризам се појавил во 70-тите години, кога почнала изградбата на хотелски комплекси и приватно сместување.

Туристичката понуда во тоа време била многу поскромна, но судејќи според сеќавањата на луѓето, била многу подобра отколку денес бидејќи деновите ги минувале безгрижно, уживајќи во едноставни работи.

- Првпат отидовме на море во Оребиќ. Имаше воз од Сараево до Плоче, на кој едвај нѐ береше сите. Немаше слободно купе, па се сместивме во салонот, а седевме на куферите - се сеќава Ружица Караваниќ на нејзиното патување.

- Тато имаше одличен автомобил во тоа време, а помеѓу средината на 60-тите и раните 70-ти години убаво се летуваше. Автопат имаше само до Карловац. Тато возеше многу брзо. На траект чекавме во долги редици, па понекогаш додека чекавме, одевме и се капевме - раскажува Ивор Караваниќ.

Што друго паметат луѓето за летните одмори во Југославија, можете да видите во видеото.



Извор: b92.net
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот