X
 24.06.2022 Живот

Овој грчки град е еден од најбезбедните за одмор

Грчкиот град Хераклион (Ираклио) на Крит е меѓу најбезбедните дестинации за семеен одмор во светот, се вели во извештајот на американската онлајн-платформа за патувања „Водич за семеен одмор“ (The Family Vacation Guide).

За да ги одреди најбезбедните дестинации во светот за посета со деца, овој водич анализирал голем број критериуми како што се општа безбедност, семејно сместување, ресторани погодни за деца и семејни активности достапни на голем број популарни дестинации.

На прво место се најде Цирих (Швајцарија), со оценка 7,81, додека Хераклион го зазеде второто место со оценка 7,45 од вкупно 10.

Хераклион е четврт на листата според индексот а криминал, додека со годишна температура од 19 степени се смета за идеална дестинација за семејствата, што дава многу можности за уживање во одморот.

grad

Исто така, Хераклион се најде меѓу првите три дестинации за одмор со најдобри активности за семејството, заедно со Патаја (Тајланд) и Орландо (Флорида, САД).

Со цел да се види кои се најдобрите дестинации според овој критериум, водичот го сумираше процентот на знаменитости приспособени за деца, активности на отворено и забавни активности, за да го пресмета просекот за секој од градовите.

Извор: News.gtp.gr
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот