Дигиталните номади се познати по тоа што можат да ја „спакуваат“ својата работа в ранец и да работат од кое било место каде што имаат услови. Експанзијата на дигиталните номади се случи по ковид-пандемијата.
За некои, идеално место за работа е плажата. За други, тоа се планините и шумите. Но, што велат експертите, кои градови се најпогодни за дигиталните номади?
Скопје, нашиот главен град, ја заслужи титулата најдобар европски град за дигитални номади, по што следуваат Сараево и Кишинев, според британскиот магазин „Тајм аут“.
Експертите за патувања од кредитната компанија „Нортон фајненс“ процениле 184 земји, мерејќи ги факторите: просечна кирија, комунални услуги, транспорт, фитнес-сала и трошоци за интернет, заедно со трошоците за повратен лет од Обединетото Кралство.
Како што пишува „Тајм аут“, Скопје е туристичка дестинација популарна по своите археолошки локалитети и улична храна. Јавниот превоз е една од причините зошто Скопје има толку добра оцена - месечниот билет за јавен превоз е осумпати поевтин отколку во Лондон.
На второто место на листата е главниот град на Босна и Херцеговина, Сараево, каде што просечната цена за изнајмување еднособен стан во центарот на градот е 275 евра месечно.
На трето место е најде Кишинев во Молдавија поради евтината цена на храната, што го прави атрактивна дестинација за дигиталните номади кои сакаат да заштедат пари.
На четвртото место е Софија, главниот град на Бугарија, а на петто - Букурешт, главниот град на Романија. На шестото место се најде Белград.
Копенхаген и Даблин се сметаат за едни од најнеповолните европски градови за дигиталните номади поради високите трошоци за живот.
Извор:
Bizlife.rs
Фото: Pixabay