Скопје и Струмица овој викенд ќе ја искусат магијата на EXIT-VERSE@Coke Studio серијалот настани
Продолжениот викенд пред нас носи неповторлива енергија за сите љубители на EXIT фестивалот. Заедно со EXIT и Coca-Cola, регионални и локални музички ѕвезди ќе ја пренесат магијата на EXIT-верзумот во центарот на Скопје и Струмица.
Серијалот на настани започнува в сабота во Струмица, каде што на плоштадот „Гоце Делчев“ ќе настапат локалните херои Андреј Мицајков, SoulCase и гостинот од соседна Србија – ZarEz.
Забавата в недела се сели во срцето на Скопје - на Школката во Градскиот Парк , каде што локална поддршка ќе дадат ДЈ Васо, Чваре и ZarEz.
Освен во неповторливата EXITVERSE@Coke Studio атмосфера, посетителите ќе имаат можност да учествуваат и во тркало на среќата и други разни активации, каде што најсреќниот учесник ќе добие Златен тикет, кој содржи две ВИП – влезници за целото времетраење на EXIT фестивалот во Нови Сад.
Двата настана се отворени за јавноста, и започнуваат во 14 часот, а ќе траат до 22 часот.
EXITVERSE @Coke Studio е името кое ги поврзува серијалот настани низ неколку градови во Северна Македонија и Србија, кои ќе траат до 18 јуни, а се поддржани од EXIT и Coca-Cola.
Откако минатата година фестивалот EXIT премиерно го претстави ексклузивниот VR-проект на Светската изложба „Експо Дубаи“, најдоброто светско фестивалско VR-искуство, на посетителите на EXITVERSE @Coke Studio ќе им даде можност виртуелно да го искусат фестивалот EXIT од местата што никому не му се достапни – точно пред Дејвид Гета на Главната сцена или покрај Соломон и Пол Калкбренер на Денс Арената!
EXITVERSE @ Coke Studio претставува еден вид турнеја, чија цел е ширење на енергијата и духот на фестивалот EXIT, како и поврзување на локалните заедници со регионалната музичка сцена, со што посетителите ќе имаат можност да уживаат во електронската музика и да доживеат уникатно EXIT-искуство во своите градови.
Ексклузивниот VR-проект на EXIT првично беше претставен на Светската изложба „Експо 2020 Дубаи“ во рамките на Српскиот павилјон и оттогаш VR-зоната е составен дел од сите фестивали и настани на EXIT. Овој импресивен аудиовизуелен проект е составен од познати фестивалски локации снимени со камера 8K 360 VR, од кои некои целосно се недостапни за посетителите. Посетителите на фестивалите EXIT и „Sea Dance“ имаа можност да го искусат најдоброто светско фестивалско VR-искуство, и тоа во специјални VR-зони во рамките на фестивалот, како и на изданијата на конференцијата „Tomorrow“.
Coke Studio е уникатна музичка платформа што поврзува разновидни таленти од целиот свет со цел да претстави иновативни и креативни соработки во индустријата. Платформата обединува уметници од разни жанрови, позадини и стилови со цел да создаде силни музички доживувања и да ги промовира културата и заедништвото. Преку своите многубројни сезони, Coke Studio стана познато по создавањето автентични споеви и извонредни настапи.
На фестивалот EXIT, од 6 до 9 јули на Петроварадинската тврдина ќе настапат лидерите на најбараните турнеи во светот, и тоа
The Prodigy, боговите на рапот
Wu-Tang Clan, рекордерот во Греми-награди
Skrillex, Chase & Status, Rico Nasty, како и Eric Prydz, Nina Kraviz, Amelie Lens, Indira Paganotto, Alesso, Viagra Boys, Dimitri Vegas & Like Mike, Claptone, Keinemusik, Michael Bibi, Hot Since 82, CamelPhat, Ben Böhmer live, Agents Of Time live, Mind Against, Chase & Status, Sofi Tukker, LF System, Mahmut Orhan, Burak Yeter и многу други.
(Комерцијална објава)