X
 17.11.2018 Наука

Апликации што ќе го претворат вашиот телефон во лабораторија

Вашиот смартфон има сензори и минијатурна опрема. Наместо да ги користите само за фотографирање или допишување, можете да ги користите и за да научите нешто.

Софтверот може да го претвори вашиот телефон во мобилна научна лабораторија која ќе ви овозможи да следите земјотреси, да проучувате птици, ѕвезди и елементи. Еве неколку апликации со кои ќе ја внесете науката во вашиот телефон и ќе научите нешто ново.

1. eBird

Оваа апликација не само што ви овозможува да ја идентификувате птицата што ќе ја видите, туку ви го олеснува и споделувањето на тоа што сте го забележале со други луѓе.

Освен набљудување и споделување, апликацијата овозможува и податоци за забележани птици во вашиот регион, ве насочува кон места каде што има птици и ве известува кога има поголем потенцијал за ретка глетка. Ако одите во позафрлени региони, не грижете се бидејќи апликацијата функционира и без интернет.

Апликацијата е бесплатна за „Андроид“ и iOS.

2. Star Walk

Дали таа светла точка на небото е ѕвезда или планета? Прашајте го вашиот телефон. „Star Walk“ ќе ги искористи сензорите на вашиот телефон за да сфати каде сте и кои небесни објекти се во видикот на вашиот уред. Тогаш апликацијата ќе ви каже нешто за ѕвездите и планетите што ги гледате.

Апликацијата е бесплатна за оние што немаат проблем со појавувањето на рекламите, а оние што сакаат верзија во која нема реклами ќе треба да платат 3 долари.

Тука можете да ја најдете бесплатната верзија за „Андроид“ и iOS, а тука, пак, верзијата без реклами за „Андроид“ и iOS.

3. MyShake

Истражувачите на Универзитетот во Калифорнија сакаат да ги искористат смартфоните за да изградат глобална слика на сеизмичка активност. Затоа тие ја развија оваа апликација, која се потпира на сензорите на вашиот телефон за да собира податоци, но тоа го прави во заднина, без да влијае врз вообичаената активност на вашиот уред. Потоа истражувачите можат да ги искористат тие информации за да ги подобрат нивните модели на активност на земјотреси и да ги подобрат нивните системи за предвидување.

Апликацијата е едноставна за користење бидејќи си работи тивко во заднина, бележејќи ја сеизмичката активност и идентификувајќи земјотреси. Сепак, можете да ја користите и за други нешта освен за собирање податоци. Апликацијата ви овозможува и преглед на неодамнешните сеизмички движења во близина или каде било во светот и ви дава совети што да правите во случај на земјотрес.

Апликацијата е бесплатна за „Андроид“.

4. Wolfram Alpha

Ова е можеби една од најпознатите и најкорисните апликации чии функции може да ги искористите и пристапувајќи преку вашиот компјутер.

Освен што може да ви реши математичка задача за неколку секунди и да ви ги прикаже сите чекори, апликацијата може да ви биде од корист и за цртање графикони, претворање мерки и за податоци за временската состојба.

Апликацијата чини три долари, а е достапна и за „Андроид“ и за iOS.

5. The Elements

Ова е интерактивен дигитален извор за направи со iOS. Тука можете да го видите секој елемент во физичка форма, заедно со информации за него - како бил откриен, каде се применува и која му е цената на отворениот пазар.

Апликацијата чини 9 долари и е достапна за корисниците на iOS.

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука