X
 17.01.2018 Наука

Зошто овошјето и зеленчукот предизвикуваат искра во микробранова?

зеленчук

Знаете дека не треба да ставите метал во микробрановата печка бидејќи може да предизвика искра. Меѓутоа, металот е многу повеќе од оставената виљушка во тестенините - го има и во некои од минералите во храната што ја јадете, како железото во зелениот зеленчук и магнезиумот во пиперките. Секако, тоа е далеку помалку метал од вашето сребро. Но дали е доволно за да предизвика проблем? Одговорот е - да.

Не сите метали предизвикуваат искра во микробрановата печка. Сите растенија аспорбираат минерали, како железо, магнезиум и бакар од почвата, преку нивните корени, дисперзирајќи ги во различни количини низ нивните стебла, лисја и плод. Ако ставите зеленчук богат со минерали, како парчиња пиперка, во микробрановата, електричното полнење е идеално место за предизвикување искра, затоа што не само што има мали метални честички што се подготвуваат да го зголемат своето локално електрично поле, туку има и нееднаква геометрија - во внатрешниот нерамен дел, чудната форма и аглите што ги остава ножот во парчињата, подготвени да го носат полнењето до блиската површина. Истото важи и за зеленчукот како кељот, кој е богат со железо и има нерамна површина.

Сепак, треба да се знае дека овој ефект не е најбезбеден во светот. Може да предизвика пожари и да ја изгори деликатната електроника во вашата микробранова печка.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука