Култниот филм „Матрикс“ почнува со една пречудна секвенција - низа радиоактивно-зелени букви и бројки што паѓаат низ екранот. Тој вовед стана симбол за „Матрикс“.
Секое продолжение беше обележано со дожд од зелени симболи, па тоа ни се врежа во сеќавањето. Сега конечно знаеме за што всушност станува збор. Толку е смешно што е фантастично. Вистината е позната веќе некое време, но затоа не е ни малку помалку збунувачка.
Кодот на „Матрикс“ е дизајниран од страна на Сајмон Вajтли, кој во едно интервју откри дека мистеријата всушност е скриена во книгата со рецепти на неговата сопруга.
- Им кажувам на сите дека кодот на „Матрикс“ е составен од рецепти за суши. Без тој код, нема ни „Матрикс“ -
истакна Вајтли.