X
 05.06.2019 Живот

Експлозии при снимањето на новиот филм за Бонд

Три силни експлозии одекнаа при снимањето на најновиот, 25. филм за Џејмс Бонд, при што се повредени неколку членови од филмската екипа и има материјална штета.

Инцидентот се случил при тест на специјалните ефекти со експлозии во студиото „Пајнвуд“ во Бакингемшир, а поради тоа, снимањето е целосно прекинато, јавија британски медиуми.

Најмалку едно лице е сериозно повредено, а експлозиите уништиле дел од покривот и барем пет проекторски платна во комплексот вреден над пет милиони фунти.

На почетокот од мај снимањето на филмот со работен наслов „Бонд 25“ исто така беше прекинато бидејќи главниот глумец Даниел Крејг (51) си ја повреди ногата.

Премиерата е првично закажана за април 2020 година.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот