X
 21.05.2015 Култура

Дали ова е најдобриот хорор за 2015-та?

Куќите со духови се стандардни за хорор филмовите. Но, не кога произлегуваат од имагинацијата на Гиљермо дел Торо, режисерот на брилијантно морничавиот „Pan's Labyrinth“. Главните улоги ги толкуваат Том Хидлстон, Миа Васиковска и Џесика Частејн. Се работи за насловот „Crimson Peak“.


Во филмот ќе видите сè што се очекува од хорор филм - духови, стари вили, морничаво пијано, чудовишта под креветот. Замислете го сето ова во готски стил.

Официјалниот опис на филмот оди:

- Кога нејзиното срце ќе биде украдено од згоден странец, една млада девојка се наоѓа во куќа на врв на планина од крваво-црвена почва: место полно тајни кои ќе ја прогонуваат засекогаш. Помеѓу желбата и темнината, помеѓу мистеријата и лудоста, лежи вистината позади „Crimson Peak“.

Во продолжение е трејлерот.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура