Либија, Авганистан и Сомалија се најопасните земји во светот, додека Финска, Норвешка и Исланд се оценуваат како најсигурни.
Тоа се податоците на компаниите „Интернешенл СОС“ и „Контрол рискс“, кои се занимаваат со медицинската и безбедносната помош. На нивната интерактивна мапа може да се пронајдат податоци за земјите кои се оценуваат во три категроии - безбедност, медицински прашања и безбедност на улица. Земјите кои се означени со темноцрвена боја се најлошо оценети, додека оние со светлозелена боја се оценети како
најсигурни.
Во нашиот регион, Словенија е прогласена за најсигурна, додека Косово за најнесигурно. Словенија е оценета како земја со незначителен ризик, додека Косово со среден ризик.
Македонија, како и Србија, Црна Гора, Хрватска, е оценета како земја со низок ризик.
Фото: travelriskmap.com
Кога станува збор за безбедност на улица, Македонија повторно е оценета како земја со низок ризик, додека во категоријата на медицината е проценет среден ризик.
Фото: travelriskmap.com