На 27. Јуниорска балканска математичка олимпијада Македонија е единствената земја што освои златен медал со максимален број на поени. Златниот медал го освои Дамјан Давков.
Покрај златниот медал, сребрен медал освои Ивано Божиновски, а бронзен медал освои Андрија Младеновиќ. На ЈБМО 2023 државата успешно ја претставија и Никола Стојковски, Јаков Геговски и Андреј Тасиќ.
Една од задачите што сите учесници ја решаваа беше македонски предлог (задача 1), во авторство на лидерот Никола Велов, соопштија од Сојузот на математичари на Македонија