ООУ „Кирил и Методиј“ во Стајковци е добитник на наградата „13 Ноември“ за извонредни резултати во воспитно-образовната работа за 2021 година, како круна за досегашните достигнувања за оваа образовна институција. Ова училиште важи за едно од најсовремените, убаво уредено, а се издвојува со отворањето на првата сензорна соба, опремена со дидактички материјали и ресурси за ученици со попреченост; која можат да ја користат и децата со типичен развој, што создава можност за меѓусебно дружење.
Училиштето може да се пофали со големи успеси, резултати на многубројни натпревари, организирање хуманитарни акции, домашни и меѓународни проекти кои овозможуваат зајакнување на демократската партиципација и меѓуетничката интеграција. Сево ова беше причина за Деца.мк да го посети ООУ „Кирил и Методиј“ и да поразговараме со дамата која стои зад кормилото на ова училиште.
Од една страна, најодговорна, а, од друга страна, најдостоинствената професија, така Анита Ангеловска ја опишува професијата учител, која таа ја одбрала со многу љубов.
Прочитајте повеќе на
Деца.мк