Студентите најавија протест за денеска во 17:30 часот пред Владата на кој, како што велат, ќе ги изнесат нивните барања и ставови.
Од Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје ги објавија барањата, а тоа се:
1. Подобар студентски стандард;
2. Квалитет на образование;
3. Дигитализација;
4. Изедначување и зголемување на стипендиите;
5. Подобрување на условите во студентските домови;
6. Спроведување на Законот за студентски оброк и зголемување на сумата;
7. Изземање на студентите од антикризните мерки во домовите.
Од УСС истакнаа дека очекуваат овој марш да стане традиција во следните години и повикаа на масовност.