X
 14.11.2015 Образование

Марш од милион студенти во САД

На универзитетските кампуси низ САД се одржаа протести во текот на завчерашниот ден. Имено, студентите протестираа против големите студентски заеми кои се потребни за добивање на високо образование и побараа бесплатно студирање.


Протестите наречени „Марш од милион студенти“ биле испланирани само два дена откако илјадници работници во индустријата за брза храна излегле на улиците за да побараат зголемување на минималната дневница и поголеми права на работното место.

Студентите испраќаа фотографии и видеа на „Твитер“, кадешто #MillionStudentMarsch беше популарно низ целиот свет, вклучувајќи студенти од секаде.



Протести имало во Бостон, Тексас, Масачусетс, Чикаго, Калифорнија итн. Организаторите на протестите бараат бесплатно студирање.

Школарината за студии во САД може да изнесува над 100.000 долари.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование