X
 17.12.2018 Култура

Прогласен најлошиот филм на сите времиња

Се чини дека вампирите и тинејџерските филмови и не се баш омилени во последно време, со оглед на тоа што „Самрак“ ја доби титулата за најлошиот филм досега.

Филмот беше избран од јавноста на веб-страницата „Ранкер“.

Филмот, по кој следуваа неколку продолженија (кои исто така се појавуваат на листата со најлоши филмови), беше многу популарен меѓу тинејџерките, а беше базиран на популарната серија книги од Стефани Мајер и направи мегаѕвезди од главните актери - Роберт Патисон, Кристен Стујарт и Тејлор Лотнер.

Но, популарноста не секогаш се преведува со „добро“ или „вредно“, па така, во моментов, овој филм е оценет како најлошиот досега. Освен тоа, „Ранкер“ го прогласи „Самрак“ за најлош филм во историјата на филмовите.

Сепак, на познатата веб-страница за филмови IMDb „Самрак“ има рејтинг од 5,2 и 49 отсто на „Ротен Томејтос“. Не е одличен рејтингот, но сигурно не е за најлош филм. Според IMDb, најлошиот филм е „Спасувајќи го Божиќ“ и има рејтинг од 1,5.


Листата на „Ранкер“ изгледа вака:

1. „Самрак“
2. „Џили“
3. „Бетмен и Робин“
4. „Блесок“
5. „Поле-битка: Земја“
6. „Жена-мачка“
7. „Од Џастин до Кели“
8. „Бебиња гении 2: Супербебиња“
9. „Собата“
10. „Џастин Бибер: Никогаш не вели никогаш“
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура