На крајбрежјето на Ротердам, Холандија, чудна пловечка фарма го снабдува локалното население со свежо млеко.
Комбинацијата од фарма и брод, создадена од страна на соодветно именуваната компанија „Пловечка фарма“, продава млеко од нејзините 35 крави уште од мај. Претежно автоматизираната операција без сомнение е чуден обид да им се помогне на градовите да станат посамоодржливи - особено среде сè полошите климатски промени кои ѝ се закануваат на инфраструктурата во областа.
Фармата е трикатна лаѓа. Кравите живеат на најгорниот кат, но можат и да се шетаат по брегот кога лаѓата е закотвена.
Во меѓувреме, за фармата се грижат двајца фармери и три класи роботи: млекари, хранители и собирачи на измет.
- Целиот процес е комплетно автоматизиран. Она што се обидуваме да го направиме е да создадеме повеќе храна со помалку луѓе - истакна извршниот директор на компанијата, Питер ван Вингерден.
Вистинското прашање е зошто секогаш кравите се предмет на вакви нешта? Неодамна крави на руска фарма добија систем за виртуелна реалност, а имаше и други слични
случаи.
Одлично е што фармерите се обидуваат да внесат иновации во бизнисот - Ван Вингерден истакна дека сака да се прошири и на кокошки и зеленчук - но се надеваме дека кравите се среќни.