Со своите шарени полиња со лалиња, Холандија секоја пролет пречекува посетители од целиот свет. Во април и во мај лалињата цветаат во речиси сите бои, украсувајќи го малото гратче Лисе и внесувајќи магија и спокојство во животите на неговите жители.
Првите лалиња во Европа дошле од областа на денешна Турција во втората половина на 15 век. Лалињата што ги испратил австроунгарскиот амбасадор во Истанбул, Ожје Гилен де Бизбек, кој бил ботаничар, прво пристигнале во Виена, а потоа и во Холандија.
Цветот на лалето игра значајна улога во ориенталната историја и традиција. Периодот од 18 век во Отоманската Империја бил наречен „Период на лалињата“ (Лале Деври). Се поврзува со времето кога османлиските султани и големите везири биле под влијание на Франција и Европа, поради што љубовта кон украсувањето на градините, особено кон лалињата, била поизразена отколку во другите периоди на Отоманската Империја.
Извор:
6yka.com
Фото:
Instagram