X
 27.12.2021 Живот

Најголемиот лампион во светот

Секоја зима овој поранешен планетариум се трансформира во огромен божиќен орнамент

Северниот дел од Гронинген, Холандија, е најпознат по градската плажа, но околу Божиќ станува дом на најверојатно најголемиот божиќен орнамент, во форма на купола на стар планетарум покриен со илјадници светилки.

Зградата порано била позната како „Инфоверзум“, кога била изградена од страна на градските власти во соработка со локалниот оддел за астрономија. Проектот бил завршен во 2014 година и се очекувало да привлече околу половина милион посетители на претставите во планетариумот и 3Д-искуствата во киното. Сепак, бил посетен од само 80.000 луѓе, поради што Владата престанала да го поддржува проектот. Набрзо по банкротот, „Инфоверзумот“ бил купен од кетеринг-група.

Фото: Atlas Obscura

Киното сѐ уште е во функција, нудејќи шоуа секој вторник, како и други искуства во текот на неделата. Но, новите сопственици на зградата исто така ѝ дале нов аспект, трансформирајќи ја надворешноста во џиновски божиќен орнамент со повеќе од 6.000 светилки за време на празниците. Со дијаметар од 25 метри, ова е најголемиот лампион во светот, кој секоја вечер е во различна боја. Прекрасно, нели?

Извор: Atlas Obscura
Насловна фотографија:
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот