X
 26.12.2019 Култура

Исландска традиција што треба да ја усвоиме сите - на Божиќ читаат книги

Сите имаме одредени празнични традиции што сакаме да ги правиме и практикуваме. Но, оваа година треба да почнеме да практикуваме нова, позајмена од Исланѓаните.

Во Исланд, Божиќ се слави со нешто наречено „јолабокафлод“. Во буквален превод овој израз значи „поплава од книги“. Но, изразот има подлабоко значење. Всушност, ја означува традицијата со која луѓето си даваат подарок-книга на Божиќ, која веднаш ја отвораат и ја читаат вечерта.

Идејата е дека Божиќ станува време кога секој ја чита книгата што му била подарена покрај каминот, обично додека пие топло чоколадо, варено вино или традиционалниот исландски пијалак наречен „jólabland“.

Се смета дека традицијата почнала за време на Втората светска војна кога Исланѓаните го славеле Божиќ со книги, бидејќи хартијата била една од ретките работи што не биле ограничени. Годишниот Саем на книгата во Рејкјавик во ноември ја помага традицијата, давајќи им можност на сите да изберат одлични книги за своите најблиски.

knigi
Фото: Getty Images


„Јолабокафлод“ станал официјален настан во октомври 2015 година благодарение на „Букмашин“, која ја промовирала идејата за книгите и читањето во периодот на празниците.

Оваа година имаме предлог: тоа треба да стане глобална традиција.

Истражувањата откриваат дека луѓето го сметаат читањето за најрелаксирачка активност. Во време кога постојано ги проверуваме телефоните и социјалните мрежи, потребен ни е период кога ќе седнеме и ќе се изгубиме во книгата. Кој период би бил подобар ако не Божиќ?

Освен тоа, традицијата го решава проблемот со купувањето подароци за подалечните членови од семејството. Нема потреба да се двоумите што да купите, објаснете ја традицијата и дајте им книга.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура