X
 17.12.2023 Живот

Овие фрази покажуваат дека имате ниска емоционална интелигенција, вели психолог од „Харвард“

Емоционалната интелигенција е способност да се согледаат и прецизно да се проценат сопствените чувства, како и чувствата на другите.

Емоционално интелигентните луѓе можат да се справат со емоциите, да ги разберат невербалните знаци и да ги регулираат своите чувства за да изградат посилни врски.

Како психолог кој учел на „Харвард“, Кортни С. Ворен од прва рака се уверила колку се важни овие работи за долгорочен професионален и личен успех.

- Како знаете дали треба да работите на овие вештини? Ако користите некоја од овие шест фрази, можеби имате ниска емоционална интелигенција - вели д-р Ворен.

„Не се менувам. Ова сум јас“

Емоционалната интелигенција е поврзана со способноста да се менувате со текот на времето додека учите и растете. Луѓето со ниска емоционална интелигенција ќе се спротивстават на промените или развојот. Иако силните верувања се важни, клучот за успехот е да се биде отворен за нови можности.

„Не ми е гајле како се чувствуваш“


Очигледното непочитување на чувствата на другите луѓе е знак на ниска емоционална интелигенција. Покажувањето недостиг на емпатија кон другите, особено кога тие минуваат низ тешки времиња, го отежнува развојот на заемно корисни односи.

„Твоја вина е што се чувствувам вака“

Луѓето со силна емоционална интелигенција не го обвинуваат надворешниот свет за нивните чувства. Тие разбираат дека нивните емоции се поврзани со тоа како ги доживуваат околностите.

Нашите емоции се можност да се разбереме себеси и да поставиме граници.

„Само грешиш“


Кога добиваат повратни информации, емоционално интелигентните луѓе се фокусираат на разбирање на искуството на другата личност.

„Не можам да ти простам“


Емоционално интелигентните луѓе можат да се стават во кожата на другите. Ова ги прави поотворени за простување.

„Твоите чувства се ирационални“

Луѓето што се емоционално интелигентни можат да ги преиспитаат своите чувства и да ги анализираат рационалните и ирационалните аспекти на нивните мисли. Добри се и во препознавање на туѓите чувства, дури и ако не разбираат точно од каде доаѓаат.

Извор: Bizlife.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот