Моето дете веќе 2 недели има одбивност да оди на училиште. Има присуство на страв и на несигурност кај него. Тоа сега оди во 2. одделение, но со ова не се соочуваше претходната година. Од наставникот не добив задоволителен одговор и покрај инсистирањето да оди и кај училиштен психолог. Тоа сè уште не се случи. Ве молам за совет, кои чекори да ги преземеме и како да се соочиме со овој голем проблем за нас во моментов. Од детето добивам информација дека тешко може да се одржи наставата поради лошите деца во одделението и дека наставникот многу вика на час.
Ова е прашање на читател упатено до психолозите соработници на
Деца.мк.
Одговорот на психологот Радмила Живановиќ прочитајте го на овој
ЛИНК.