X
 03.11.2016 Живот

Знаци кои покажуваат дека сте поинтелигентни отколку што мислите

Постојат одредени карактеристики што науката ги поврзува со високо ниво на интелигенција. Тие само укажуваат на тоа, но не значи дека сте поинтелигентни поради нив.

Еве со што може да се оправдате ако некогаш некој Ве навреди дека сте идиоти или глупави:

Ако имате проблеми со спиењето или сте неуморни навечер е знак дека сте поинтелигентни. Колку е помала потребата за спиење навечер интелигенцијата е поголема.

Една студија покажала дека поинтелигентните мажи имале помалку сексуални партнери. Исто така високото ниво на тестостерон има тендеција ја запре интелигенцијата додека го зголемува ливидото. Значи помалку тестостерон значи повеќе ментална моќ.

Луѓето што се колнат во една студија биле оценети дека имаат подобар вокабулар и дека потечно се изразуваат, што се поврзува нормално со повисока интелиганција.

Една студија на истражувачи од Финска ја опишала врската меѓу однесувањето на преземање ризици кај адолесцентите и донесувањето на подобри одлуки. Резултатите покажале дека оние што побрзо донесувале ризични одлуки имаат повеќе бела мозочна маса што се поврзува со когнитивните способности.

На универзитетот во Оксфорд била спроведена студија што докажала дека има поврзаност меѓу интелигенцијата и довербата во другите луѓе.  Причината за тоа е способноста на поинтелигентните луѓе да пресудат за карактерот на другите и да го предвидат нивното однесување. Еволутивно, оние кои веруваат во другите може повеќе да се потпрат на нивната поддршка и е поверојатно да преживеат.

За лажењето се покажало дека придонесува мозокот да работи поефикасно, што значи дека некои делови од мозоците на лажговците се поразвиени. Тоа е уште еден знак за поголема интелигенција.

Многу студии пронашле поврзаност меѓу интелигенцијата и несоцијализираноста или социјалната анскиозност. Сепак, овде се мисли дека ваквите личности биле премногу фокусирани на образование или се стремат кон цели што повеќе се антисоцијални.

Употребата на дрога и алкохол исто така се поврзува со интелигенцијата. Ова не значи дека тие супстанци ќе Ве направат поинтелигентни, туку дека интелигенцијата е поврзана со зависноста. Сепак, ако пробате да го докажете ова кај Вас, поверојатно е дека ќе си го загрозите здравјето и животот отколку дека ќе бидете „етикетирани“ како поинтелигентни.

Синооките луѓе се обично подобри во образованието и стратешкото размислување, а лицата со кафеави очи се подобри во спортските дисциплини.

Учењето на музички инструмент во рани години може да има позитивни ефекти на мозокот, особено ако се практикува пред  7 години. Генерално, делот од мозокот што процесуира информации е поразвиен кај музичарите.

Интелигентните родители се голем фактор за високата интелигенција кај децата. Овде се исклучени начинот на живот, образованието и воспитанието и се мисли само на ДНКта.

Левораките луѓе важат за личности со подобар вокабулар и со подобри вештини за решавање проблеми поради различната структура на мозокот.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот