X
 16.09.2020 Култура

Филмски премиери што треба да ги гледате овој месец

Иако пандемијата на коронавирусот влијаеше врз филмската индустрија, и оваа есен ни пристигнуваат нови филмови. Би-би-си издвојува интересни филмски премиери меѓу кои секој од вас ќе најде нешто за себе.

1. „Тенет“ (Tenet)




Долгоочекуван нов филм на легендарниот режисер Кристофер Нолан. Станува збор за високобуџетна научна фантастика во која следиме таен агент кој открива мистериозно оружје со чија помош може да патува низ времето. Би-би-си го опишува како мешавина од филмовите за Бонд, „Враќање во иднината“ и „На работ на иднината“.

2. „Мулан“ (Mulan)




Станува збор за римејк на истоимениот цртан филм од 1998 година. Според трејлерот, нѐ очекуваат епски сцени на битки и спектакуларна сценографија. Филмот ја следи младата кинеска девојка што се маскира во војник за да го спаси својот татко и да го заземе неговото место во војска.

3. „Размислувам да им ставам крај на работите“ (I’m Thinking of Ending Things)




Филм што ја раскажува приказната на една млада девојка која со своето ново момче оди на изолираната фарма на неговите родители. Она што таму ќе го доживее ќе ја натера да се праша што знае за него, но и за себе.

4. „Глоријас“ (The Glorias)




Ова есен нѐ очекува и биографска драма за феминистичката икона Глорија Стејнем во која го следиме нејзиниот живот, а ја глумат неколку актерки во нејзините различни животни фази. Така, Глорија ја глумат Џулијан Мур, Алисија Викандер, Лулу Вилсон и Рајан Киера Армстронг.

5. „Бел бунт (White Riot)




Музички документарец кој се занимава со движењето „Рокот против расизмот“ основано во 1976 година како одговор на растечките национални конфликти и антимигрантската политика во Велика Британија. Би-би-си наведува дека филмот ги комбинира новите интервјуа со архивски снимки.

6. „Каџлионер“ (Kajillionaire)



Во оваа комедија Иван Рејчел Вуд ја глуми младата девојка чии родители се ситни криминалци и со нив ги поминува деновите крадејќи, но и понатаму не можат да се извлечат од сиромаштијата. Сѐ се менува кога ќе запознае нова пријателка.

7. „Ѓаволот цело време“ (The Devil All the Time)



Том Холанд е сиромашен младич кој на сите начини се труди да ги заштити блиските луѓе, а тоа неизбежно го води во криминал. Дејството на филмот се случува во американскиот град Охајо по Втората светска војна.

Извор: BBC
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура