X
 02.03.2020 Култура

„Епл“ не им дозволува на негативците во филмовите да користат „ајфон“

Компанијата „Епл“ не им дозволува на негативците во филмовите да користат „ајфон“ во сцените, открива режисерот Рајан Џонсон. Тој додава дека како резултат на забраната, користењето „ајфон“ може да им помогне на гледачите да ги сфатат вистинските мотиви на ликовите во филмот.

Џонсон го открил ова при промоцијата на неговиот последен филм „Нож в грб“. Тој додал дека Џејми Ли Куртис држела „ајфон“ во филмот и на тој начин гледачите може да проценат дали таа е добар или лош лик. Дозволувањето на „ајфоните“ на филм може да ги уништи мистериозните филмови бидејќи може да открие кој лик е херој, а кој негативец според тоа дали држи „ајфон“.


Фото: Screenshot/Youtube

- „Епл“... ви дозволува да користите „ајфони“ во филмовите, но (и ова е основно доколку гледате мистерија) негативците не може да имаат „ајфони“ во филмот - рекол Џонсон.

Компанијата „Епл“ е познат по ограничувањата што им ги наметнува на корисниците кога станува збор за користење на нејзините производи. На  веб-страницата има и повеќе водичи за секој што сака да користи производи од компанијата.

Меѓу другото, од програмерите се бара да користат производи на „Епл“ само кога се претставени во најдобро светло и на начин или во контекст кој позитивно го претставува производот или компанијата. Освен тоа, програмерите не треба да користат производи од компанијата на начин на кој изгледа дека „Епл“ ги спонзорирала.


Автор: Ендру Грифин
Извор: Independent.co.uk

Фото: Pixabay

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура