X
 02.01.2018 Култура

Германија им плаќа на граѓаните да трошат струја


Ветерници
(Фото: Pixabay)


Цената на струјата во Германија повторно отиде во минус, така што Германците им плаќаат на потрошувачите за да трошат струја.

Германија потроши 200 милијарди долари во изминатите две децении за да промовира обновливи извори на енергија.

Таа огромна инвестиција сега има неочекуван обрт - на граѓаните им се плаќа да трошат струја. Имено, цената на струјата падна „под нулата“.

А сето тоа поради сончевото и ветровитото време, поради што преку соларните плочи и турбините на ветер, создадена е енергија повеќе од потребното.

Како што производството на енергија во електраните на јаглен и нуклеарен погон не може едноставно да се прекине, Германците се принудени и натаму да продаваат струја на електромрежата, па макар и по цена да имаат губитоци.

Тоа значи дека дошло до вишок производство на енергија, па цените станале негативни.

Поимот негативна цена на електрична енергија претставува случај кога производителите на електрична енергија им плаќаат на потрошувачите, односно снабдувачите да ја купуваат нивната електрична енергија.

Самата негативна цена на електричната енергија е поврзана со принципот на работа на електроенергетскиот пазар, според кој, понудата и побарувачката ја диктираат цената.

Таа би требало да влијае врз поголема флексибилност на производителите и снабдувачите, кои би требало подобро да управуваат со системот.

Слична ситуација се случила и во Данска кога ветровитите денови толку многу ја забрзале работата на ветроелектраните, што се создала ситуација кога Данска произведувала 140 проценти од националната потрошувачка на електрична енергија. Тогаш Данска вишокот енергија го извезувала во Германија, Норвешка и во Шведска.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура