X
 27.07.2022 Живот

Франција ќе ги казнува фирмите што оставаат отворена врата додека работи клима-уред

За да заштедат енергија, француските власти воведоа нови правила. Имено, сите климатизирани продавници може да бидат казнети со огромни суми доколку при работа на клима-уред имаат отворена врата.

Се воведува и забрана за вклучување на светлечките реклами од 1 до 6 часот наутро.

Министерката за транзиција на енергијата Агнес Паниер-Рунаше изјавила дека е апсурдно вратите да се оставаат отворени додека работи клима-уредот, а тоа може да потроши до 20 отсто повеќе енергија.

Фирмите што ќе ја прекршат забраната, која треба да стапи во сила следниве денови, ќе добијат казна од 750 евра.

Некои француски градови веќе имаат слични правила, но сега тие ќе се однесуваат на целата земја.

Извор: Green
Насловна фотографија: Pixabay 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот