Цената на струјата за домаќинствата од 1 јануари се намалува за 5,16 отсто за прв блок, за втор блок и за евтината тарифа останува иста, за трет блок поскапува за 2,88 а за четврти блок за 1,86 отсто.
Како што истакна денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски, тоа го овозможи воведувањето на надоместот за пристап до мрежа од 200 денари месечно. Во спротивно ќе имало поскапување за 3,4 отсто во прв блок, за 8,62 во втор, за 9,46 во трет и за 4,92 во четврти блок, додека евтината тарифа ќе се зголемела за 15,42 отсто. Дополнително, како што рече, овозможиле намалување на мрежарината за речиси 23 отсто.
- Со новиот концепт за пристап кон мрежа се направи фер распределба на трошокот за мрежа меѓу редовните корисници и оние потрошувачи што повремено ги користат објектите - рече Бислимоски, истакнувајќи дека одлуката е во насока на заштита на стандардот на граѓаните.
Извор: МИА