X
 02.01.2018 Живот

Месечен хороскоп за јануари 2018 година

Дознајте што ви подготвуваат ѕвездите за јануари.

horoskop

Овен

Работа - Фокусот на падот во полето на кариерата продолжува и во јануари 2018 година. Дополнителна финансиска поддршка може да се очекува од семејството. Патувањето може да ви донесе многубројни можности за напредок што се однесува до финансиите. Позициите на планетата во јануари предлагаат да се посветите на вашата кариера, додека семејните проблеми засега треба да се остават настрана.

Љубов - Љубовта можете да ја пронајдете во рамките на вашата професија. Доколку сте веќе емотивно зафатени, може да дојде до извесни турбуленции поради недоволната посветеност кон вашиот партнер. На плановите поврзани со проширување на семејството треба им посветите повеќе внимание.

Здравје - Може да биде проблематично до 20 јануари. Се советува одмор колку што е можно повеќе.

Бик

Работа - Активностите на полето на кариерата ќе доминираат овој месец. Семејството ќе ви ја овозможи потребната поддршка бидејќи вашето напредување на сите ќе им донесе голема радост. Во текот на наредниот месец акцентот преминува на планирање самостоен бизнис и развивање на кариерата.

Љубов -
Семејното опкружување не е премногу дружељубиво, па треба да бидете внимателни. На површина се појавуваат чувствата на незадоволство од досегашниот семеен живот, а ќе имате помош да пронајдете решение за долготрајните грешки.

Здравје - До 20 јануари здравјето ќе ви биде одлично, а потоа треба да обрнете внимание на имунитетот.

Близнаци

Работа - Вашата кариера и амбициите ќе бидат во прв пат. Целите поставени од страна на другите ви го диктираат животот овој месец и потребно е повеќе шарм од обично за успехот да биде загарантиран. Семејните проблеми треба да се решаваат во случај кога е апсолутно неопходно. Ќе бидете успешни во постигнувањето на вашите цели. Патувањата и бизнис-целите ќе го подобрат вашиот успех во кариерата. Доколку сте во потрага по работа, поголеми можности доаѓаат по втората недела од јануари.

Љубов -
Планетарните аспекти донесуваат пријатна семејна атмосфера, со многу љубов и хармонија помеѓу членовите на семејството. Случувања има и во полето на љубовта. Ќе имате многу романтични можности и доколку сте во потрага по врска, големи се шансите да ја пронајдете.

Здравје
- Одржувајте го здравјето со редовно вежбање.

Рак

Работа - Соработката и тимската работа се неопходни на полето на кариерата во јануари. Бидете сталожени и дозволете ситуацијата да се одвива според својот тек. Можете да очекувате значајни промени во работното опкружување, како и одреден напредок на полето на финансиите. Вашата грижливост е клуч за успехот. Бизнис-патувањата донесуваат позитивни резултати. Оние што се занимаваат со уметност ќе имаат различни можности да заблескаат на тоа поле.

Љубов -
Доколку сте во врска или во брак, ќе решавате различни несогласувања. Доколку резултатот биде позитивен, вашата љубов ќе биде посилна од кога било. Проблемите се јавуваат поради небалансирањето меѓу приватниот и работниот аспект од животот. Можни се турбуленции. Доколку не ја имате пронајдено вашата друга половина, за тоа ќе имате можност во текот на јануари.

Здравје
- Обрнете повеќе внимание на вашето здравје и бидете умерени во работите што ги правите.

Лав


Работа - Приспособливоста и друштвеноста се клучни за постигнување на вашите цели и за кариерата во текот на овој месец. Намалете ги изливите на негативна енергија. Искористете ги вашите лавовски способности за да ги согледате сопствените пропусти и потрудете се да ги коригирате. Правните прашања ќе бидат решени во ваша корист. Доколку сте студенти, следува поволен период.

Љубов - Полето на љубовта добива значење по 20 јануари. Доколку веќе сте во романтична врска, ќе уживате во секој сегмент од неа, а ако уште немате љубовен партнер, подгответе се за изненадувачки и сериозни промени на тоа поле.

Здравје - Одлично.

Девица

Работа - Вашето напредување во текот на овој месец зависи од другите луѓе. Ова е период кога треба да работите на вашата друштвеност и шарм. Слободно побарајте нечија помош. Приспособливоста и добиената поддршка од другите луѓе овој месец претставуваат пат кон успехот. Работното опкружување е прилично хаотично овој месец, конкурентноста на вашите колеги ќе ви потроши енергија. Од финансиски аспект, јануари е добар месец за вас бидејќи заработката ќе биде усогласена со вашите трошоци.

Љубов
- Љубовта може да ја пронајдете меѓу вашите колеги. Поради преокупираноста со кариерата, некои од вас ќе имаат тешкотии да пронајдат доволно време за своите сакани. Доколку сте во брак, ви претстои мирна и пријатна атмосфера во вашиот дом. Односот со децата, доколку ги имате, ќе биде навистина одличен.

Здравје -
Состојбата секогаш може да се подобри со редовно вежбање и медитација.

Вага

Работа - Ви се советува да бидете внимателни кога се во прашање вашите постапки на работното место. Кариерата овој месец не е во преден план. Фокусот паѓа на емоционалното задоволство и среќата. Можете да очекувате финансиски просперитет, но и зголемени трошоци. Најголем прилив на пари можете да очекувате од продажба или промоција, благодарение на одредени инвестиции во креативното залагање.

Љубов - Ќе има доста турбуленции. Ќе се соочите со проблеми. Доколку сте во врска, комуникацијата е клуч за решавање на проблемите. На оние што немаат партнер им се советува да бидат трпеливи и да не влетаат во сериозна врска овој месец.

Здравје - Може да биде подобрено со доволна количина на одмор и зачувување на енергијата.

Скорпија


Работа - На полето на кариерата нема посебни случувања. Ќе имате доволно време да размислите за планирањето на идните цели. Доколку барате работа, во текот на последната недела од јануари ѕвездите ќе ви бидат прилично наклонети. Влијанието на планетите врз финансиската ситуација ќе биде доста поволно. Уживате во заработката и може да си дозволите да вложите одредени суми во ризичните активности. Ќе уживате да трошите пари на луксузни работи.

Љубов - Односите со членовите од семејството ќе бидат многу похармонични од претходно. Ќе работите на подобрување на вашиот имиџ. На полето на љубовта актуелна е потрагата по идеален партнер, а тоа може да доведе до чувство на незадоволство доколку не наидете на личност вредна за вашето време и енергија.

Здравје - Во текот на поголемиот дел од месецот здравјето ќе ви биде одлично.

Стрелец

Работа - Семејството и емоциите се во прв план. Искористете го овој период да ја визуализирате вашата иднина и да испланирате стратегија. Ова е вистинско време да ја искористите вашата независност и упорноста за да го постигнете тоа што го сакате. Нема потреба да се приспособувате на другите луѓе и ситуации. Со вашите постапки кроите сопствена судбина. Доколку студирате, ќе бидете принудени на промени за да забележите успех.

Љубов - Семејната атмосфера ќе биде хармонична, а односите со саканата личност - одлични. Доколку не сте во врска, ве очекуваат многу љубовни шанси. Но забавата без претерана посветеност ви се чини доста интересна. Поволниот аспект на Јупитер ќе биде искажан преку многу позитивни случувања. Ќе бидете заинтересирани за искажување на вашата креативност. Акцентот ќе биде ставен на емотивната исполнетост.

Здравје - Добро, држете се до редовниот режим на вежбање.

Јарец

Работа - Во првата половина на јануари семејните прашања се во преден план, додека во текот на втората половина од месецот фокусот ќе биде на кариерата и успехот. Не зависите од никого и тоа ви помага да ги достигнете вашите цели. Покрај семејството, вашето внимание ќе го одвлечат и активностите на полето на кариерата. Финансиската ситуација е значително подобрена во третиот дел од јануари. Секако, се советува намалување на непотребните трошоци. Доколку имате неисплатени кредити, ова е идеален период да го регулирате тоа.

Љубов - Доколку немате љубовен партнер, ќе имате доста романтични понуди, но ништо сериозно на љубовен план во овој период.

Здравје
- Што се однесува до здравјето, добро би било да направите детоксикација на организмот, не заборавајте да бидете доволно физички активни.

Водолија

Работа
- Се водите според претходните искуства за да постигнете одредени цели. Ќе има одредени промени на полето на кариерата, амбициите и емоциите. Независни сте и ќе имате сила сами да си ја креирате судбината. Исто така, вашата спиритуалност ќе биде прилично доминантна во текот на овој месец. Следете ја вашата интуиција. Медитацијата и релаксацијата ќе играат важна улога.

Љубов - Што се однесува до љубовта, доколку сте во врска, можете во некој период да се најдете на раскрсница. Оние што се без партнер би можеле да се впуштат во некои сериозни односи во текот на јануари.

Здравје - Држете се до здравата исхрана и редовното вежбање.

Риби

Работа
- Благодарение на вашиот карактер, привлекувате нови контакти. Полето на кариера и амбиции овој месец има приоритет во однос на семејните и емотивните прашања. Ќе бидете во можност да контролирате различни ситуации, па ќе се случува она што сакате. Ќе имате целосна поддршка од членовите на семејството во вашите бизнис-цели. Очекувајте напредување во кариерата со финансиски бенефиции.

Љубов
- Бидете срдечни и внимателни кон партнерот. Доколку сте сами, на повидок се романси, но бидете внимателни кога избирате партнер пред да се впуштите во некоја посериозна врска.

Здравје -
Здравјето може да се подобри доколку обрнете внимание на физичката активност.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот