Дека најголем дел од граѓаните на нашата земја тешко обезбедуваат гола егзистенција, потврдија и најновите податоци на Евростат. Според неговата статистика, веќе три години куповната моќ на македонските граѓани изнесува 40-41 процент од европскиот просек, а во полоша положба се само граѓаните на Албанија.
Не цветаат рози ни во регионот, на пример, во Хрватска, која исто така се наоѓа на претпоследното место кога станува збор за членките на ЕУ, а зад неа е единствено Бугарија.
Најголемо изненадување е Турција, која со својот раст на животниот стандард надмина четири членки на Унијата и речиси сите земји од Југоисточна Европа. Така, просечниот граѓанин на Турција, според податоците на Евростат, има поголема потрошувачка (64 проценти од просечен ЕУ-граѓанин) од граѓаните на Унгарија (63), Романија (61), Хрватска (59), Црна Гора (56), Бугарија (53), Србија (46), Македонија (41), БиХ (41) и Албанија (37).
Интересно е тоа што речиси сите нови членки на ЕУ, со исклучок на Хрватска, ја намалуваат разликата во однос на развиените земји каде што веќе неколку години предводи Луксембург, каде што потрошувачката по жител е за 32 проценти поголема од просекот во ЕУ, а потоа следуваат жителите на Германија, Австрија, Британија, Финска, Данска, Франција и жителите на другите постари членки на Унијата.
Подетални податоци можете да побарате во следниот
линк.