X
 16.05.2019 Економија

Стапката на вработени лица во Европската Унија и во еврозоната никогаш не била повисока

Стапката на вработени лица во Европската Унија и во еврозоната никогаш не била повисока, соопшти денеска Евростат.

Според последното истражување на Европскиот институт за статистика, околу 241 милион лица во ЕУ и 160 милиони во еврозоната, имале работно место во текот на четвртото тромесечје од изминатата година, односно дека од 2014 година креирани се 13, 4 милиони работни места во ЕУ.

Во првото тромесечје од годинава, пак, бројот на вработени се зголемил за 0,3 отсто во ЕУ и за 0,2 проценти во еврозоната.

Во споредбата со истиот квартл од претходната година, зголемувањето изнесува 1,3 отсто за ЕУ и 1,2 проценти за еврозоната.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија