Европската Унија денеска ќе потпише договор со непознат производител за околу 100.000 дози вакцини против мајмунски сипаници. Тие треба да бидат доставени до крајот на јуни. Информацијата е потврдена од еврокомесарката за здравство Стела Киријакидес.
По состанокот на министрите за здравство на државите членки на ЕУ во Луксембург, Киријакидес изјави дека вакцините ќе бидат купени со пари од фондови на блокот. Тие ќе бидат доставени во земјите членки на ЕУ.
Таа додаде и дека во ЕУ досега се евидентирани 900 случаи на мајмунски сипаници.
Извор: МИА