Бил Гејтс, еден од најбогатите луѓе на светот во неодамнешно интервју изјави дека светот станува подобро место за живеење и покрај природните катастрофи со кои се соочи и негативните настани што ѝ се случуваат на нашата планета.
Наведувајќи ја намалената смртна стапка кај децата и поголемата заштита што земјите им ја даваат на хомосексуалците, Бил Гејтс истакна дека луѓето се многу фокусирани на негативните вести, и тоа ги спречува да ги забележат позитивните.
„Колку и да се страшни случувањата, тие се случуваат во контекст на еден поголем, позитивен тренд. Сѐ на сѐ, светот е подобар“, изјавил тој.
Како позитивни настани Гејтс ја издвои намалената стапка на смртност кај децата до петгодишна возраст, додавајќи дека бројот на овие случаи од 1990 година е намалена за половина, со што се спасени 122 милиони деца. Намален е и бројот на луѓе кои живеат во сиромаштија - овој број во изминативе 28 години е намален за една третина, а како трет пример Гејтс го наведува зголемениот број на деца кои посетуваат основно училиште ширум светот. Тука се и законите што ги штитат хомосексуалците усвоени во 100 земји, а позитивно е и тоа што сѐ поголем број на жени извршуваат јавни функции насекаде низ светот.
За песимистичката атмосфера, Гејтс ги обвинува медиумите.
Луѓето повеќе сакаат да читаат лоши вести, со што се охрабруваат организациите да се фокусираат на негативните работи.