X
 30.05.2016 Наука

Се отвора најголемиот тунел на светот

Во Швајцарија ќе биде отворен најдолгиот тунел во светот. Таканаречениот Готар ќе поминува низ срцето на швајцарските Алпи.


Тунелот е долг 57 километри, а изградбата чинела 12 милијарди швајцарски франци. На изградбата работеле 2.400 работници, а свечено ќе биде отворен оваа недела. Сега, патувањето со воз од Цирих до Милано ќе трае два часа и 40 минути.






Овој тунел го надмина претходниот најголем тунел, јапонскиот Сеикан, кој со своите 53,9 километри беше најдолг во светот. Тунелот целосно ќе започне да се користи во декември годинава.

Идејата за изградбата била дадена уште во 1947 од страна на швајцарскиот инженер Карл Едуард Грунер. За да се изгради тунелот биле ископани над 28 милиони тони камен.

Изградбата официјално започнала во 1999 година, но имало многу бирократски и финансиски проблеми во текот на истата.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука