X
 12.03.2016 Живот

Заплови најголемиот брод за крстарење во светот

Најголемиот патнички брод во светот, „Harmony of the Seas“ започна со првото тест пловење покрај западниот брег на Франција.

 

брод


Бродот е долг 362 метри (92 сантиметри повеќе од легендарниот „Титаник“), висок 70 метри (колку една зграда од 20 спрата, ако не и повеќе) и тежи 120.000 тони, што е рекорд меѓу патничките бродови.

Импозантните пропорции имаат и еднакво огромна цена - 1.1 милијарда долари кои компанијата „Royal Caribbean International“ треба да ги плати за него. Откако ќе биде готов, бродот ќе може да прими 6.000 патници и 2.000 членови на екипажот.

Инаку, најголемиот брод во историјата бил „Seawise Giant“, долг 458 метри и тежок 564.763 тони. Бил изграден во 1979 година.

 

 

Линк до галеријата.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот