Вануату е архипелаг на острови во јужниот дел на Пацификот со број на население малку поголем од градот Чула Виста, Калифорнија, и земјишна маса помала од Конектикат. Овој рурален рај неодамна беше именуван како „едно од најсреќните места во светот“ од страна на Индексот на среќна планета, заснован врз нивните откритија за еднаквост, животен век, благосостојба и еколошки отпечаток.
Кои се нивните тајни?
Тајна број 1: Смејте се повеќе
Често се верува дека смеењето може да има позитивен ефект врз нашата душевна состојба, па дури и нашето здравје. Ова верување е поддржано и од науката. Всушност, истражувањата посочуваат дека насмевката може да активира соодветна емоција на среќа и радост или да модулира веќе постојна емоција.
На Вануату луѓето се смеат многу и тоа е нивниот начин на живот. За нив, насмевката е навика која има терапевтски ефект и физички и емотивно, и тоа е подарок што го споделуваат со другите.
Фото: David Kirkland / Vanuatu Tourism Office
Тајна број 2: Прифатете го вашиот идентитет, семејство и заедница
Очигледно е дека луѓето во Вануату се гордеат со својот идентитет, култура и традиција. Низ 83. острови на архипелагот се зборуваат повеќе од 113 различни јазици. Но, во оваа разновидна земја непосредното и поширокото семејство се многу важни во нивната култура. Тоа е култура на инклузија што исто така ја прифаќа различноста и ја почитува традицијата.
Овие пошироки семејни единици и села разговараат за проблемите. Врските што ги споделуваат и почитта што им ја укажуваат на старешините и на постарите луѓе создаваат силно чувство за заедница и припадност.
Тајна број 3: Одржувајте го чувството на благодарност
Овој народ става мал акцент на парите. Наместо тоа, фокусот е насочен кон задоволување на основните потреби преку работа на земјиштето и користење на расположливите ресурси што ги обезбедуваат морето и шумите. Според анкета од 2012 година, 75 отсто од луѓето живеат во рурални средини - 90 отсто од населението имаат пристап до семејна или племенска земја и вода.
Животот на островите не е лесен, но е едноставен, а луѓето го ценат тоа што го имаат. Тие не чувствуваат очај ако немаат многу пари затоа што ги имаат основните работи: храна, засолниште, семејство, поддршка и љубов. Тие чувствуваат благодарност секој поминат ден.
Тајна број 4: Останете поврзани со природата и вашата околина
Луѓето на Вануату се сметаат себеси за еколошки свесни и имаат почит кон нивната околина. Тие ја култивираат земјата со грижа и го собираат она што им е потребно од достапните ресурси.
Младите ги учат тајните на обработување на земјата гледајќи ги своите старешини. Тие го следат нивниот пример и ги одржуваат традициите. Грижата и почитта кон природата се пренесуваат од генерација на генерација. Тоа станува начин на живот на островите. Луѓето ги знаат границите и ограничувањата на нивниот свет и ја разбираат важноста на зачувување на тие ресурси за своите деца и внуци.
Тајна број 5: Прифатете го она што не можете да го контролирате
И покрај убавината на островите, луѓето од Вануату се ранливи на природни непогоди. Всушност, нивните острови имаат најголем ризик од пригодни непогоди, според Индексот на светски ризик на Обединетите нации за 2016 година. Имаат активни вулкани, циклони и земјотреси. Сепак, тие ги прифаќаат овие настани како дел од животот. Не се
фокусираат на работите што се надвор од нивна контрола. Го ценат она што го имаат и она што можат да го контролираат: нивниот резултат и нивниот став.