Користејќи трансплантација на цревни микробиоти, меѓународен тим истражувачи покажа дека оштетувањето на меморијата кај луѓето со Алцхајмерова болест може да се пренесе на млади, здрави стаорци. Исто така, истражувањето откри дека специфичните бактерии во цревата се директно поврзани со когнитивниот пад кај пациентите со Алцхајмерова болест.
Ова го нагласува цревниот микробиом како клучна област на истражување за Алцхајмерова болест и други форми на деменција, а тоа може да доведе до нови начини за лекување на болеста.
- Луѓето со Алцхајмерова болест обично добиваат дијагноза на или по почетокот на когнитивните симптоми, што може да биде предоцна, барем за сегашните терапевтски пристапи. Разбирањето на улогата на цревните микроби за време на раната фаза на деменција - пред потенцијалниот почеток на симптомите - може да отвори патишта за развој на нова терапија, па дури и индивидуализирана интервенција - вели неврнаучникот Ивон Нолан од Универзитетскиот колеџ „Корк“ во Ирска.
Неодамна доказите укажаа на промените во цревната микробиота како потенцијален фактор на ризик за развој на Алцхајмерова болест, иако не беше јасно дали тие биле само поврзани на некој начин. Сега имаме потврда дека цревната микробиота всушност игра причинска улога во развојот на симптомите на разорната болест.
- Алцхајмеровата болест е подмолна состојба за која сè уште нема ефикасен третман. Ова истражување претставува важен чекор напред во нашето разбирање на болеста - вели Сандрин Турет, невролог од Кралскиот колеџ во Лондон.
Нолан, Турет и нивните колеги се обидоа да разберат како цревната микробиота кај пациентите со Алцхајмерова болест влијае врз здравјето и однесувањето на мозокот. Така, цревната микробиота од пациентите со Алцхајмерова болест била трансплантирана на 16 млади возрасни стаорци чии микробиоми биле исцрпени од антибиотици една недела. Соодветна група од 16 стаорци добила цревна микробиота од луѓето од здравата контролна група.
Најмалку 10 дена по трансплантацијата, саторците биле подложени на тестови за однесување, дизајнирани да ги оценат перформансите на меморијата и други особини поврзани со Алцхајмеровата болест.
Стаорците кои имале трансплантација на микробиом од пациенти со Алцхајмерова болест покажале нарушена меморија, особено оние кои се потпираат на процес наречен неврогенеза на хипокампус кај возрасни.
Стаорците со црвена микробиота која ја добиле од пациентите со Алцхајмерова болест, покажале посериозни оштетувања во хипокампалната неврогенеза кога самите донатори имале пониски резултати на когнитивните тестови.
Освен тоа, истражувачите виделе јасни модификации во метаболомот на хипокампусот на стаорците. Овие промени може да придонесат за намален раст на нови неврони во хипокампусот.
Според тимот, идните истражувања треба темелно да ги проценат другите аспекти кои влијаат врз цревната микробиота, како што се здравствената состојба, факторите на начинот на живот и историјата на лековите.
- Ова заедничко истражување ја постави основата за идни истражувања во оваа област и мојата надеж е дека тоа ќе доведе до потенцијален напредок во терапевтските интервенции - вели Турет.
Фото: Freepik