X
 11.10.2024 Наука

Дали би купиле стан чиј таван е направен од биопластика и дрвени струготини?

Соработувајќи со познатото студио „Шоп архитектс“, американските научници успеале да создадат потенцијална алтернатива за челичните и бетонските тавани - панели што можат да се рециклираат, направени од биопластика и дрвени струготини.

Овој производ, всушност, е панел кој се изработува побрзо отколку оние од бетон и челик, а истовремено е подобар за животната средина.

Панелите се направени од полилактична киселина, биопластика што се создава како дериват на отпад од пченка, која се меша со дрвени струготини.

1

Панелот ја има истата цврстина како типична конструкција направена од челик и бетон, но е биоразградлив.

Иако панелот е во рана фаза на развој, истражувачите и архитектите веруваат дека има значителен потенцијал за унапредување на употребата на органски материјали во градежништвото.

- Добро е што самиот процес ќе биде применлив во различни индустрии - велат истражувачите.

panel

Секако, се поставува прашањето како овие тавани ќе се однесуваат во реални услови. Не постојат податоци за отпорноста од пожари, односно како панелот ќе се однесува во случај на пожар. Исто така, не е познато колку овој производ е погоден за употреба во станбена градба во однос на бучавата, односно дали звукот ќе се пренесува преку таванот направен од овој материјал.

Извор:  Gradnja.rs
Фото: University of Maine
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука